Вести и настани кои наближуваат
Охрид на пребарувачот Bing
Датум: 21.03.11
На насловната индексна страница на еден од најпознатите и најпосетуваните интернет пребарувачи, Bing, со фотографија од црквата Св. Јован Канео и Охридското Езеро и дополнителни информации за природното и културно наследство на Македонија, се промовира нашата земја како туристичка и светска дестинација. Тоа е голема поддршка за промоција на нашата земја и град и нашето природно и културно наследство.
iPult -Презентација на туристичката понуда
Датум: 19.03.11
На информативните пултови со екран на допир, кои до крајот на месец април ќе бидат поставени на десет атрактивни локации во Охрид, бесплатно ќе може да се презентира вкупната туристичка понуда.
Хотелите, рестораните. кафетериите, приватните станоиздавачи и сите други субјекти поврзани со туризмот својата понуда бесплатно ќе можат да ја презентираат, доколку се логираат на веб страницата www.ipult.info. Заинтересираните за подетални информации можат да се обратат во Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, на тел. 046 / 230 175.
Повеќе упатства можете да добиете тука...
Фестивал Охридско Лето
Датум: 12.07.10
Во изминативе 49 години, Фестивалот „Охридско Лето“ се потврди како една од најзначајните културни манифестации во Република Македонија, а паралелно со тоа успеа да го одржи и чекорот со европските и светските културни токови и се вброи во елитата на најголемите и најзначајни Фестивали во светот, што го потврди и со членството во Асоцијацијата на елитните европски фестивали каде што е рамноправна членка веке 15 години.
Во пресрет на својот голем јубилеј - 50 години постоење, Фестивалот „Охридско Лето“ достоинствено и со сигурни чекори ја трасира патеката кон својата зацртана цел - достигнување и остварување на најквалитетното фестивалско издание.
Фестивалот „Охридско Лето“ со својата долгогодишна традиција на манифестација со исклучително богата уметничка носивост и привилегијата да произлегува од древната културна историја на градот - бисер со чудесните природни убавини, во 2010 година кога ќе го одбележи својот голем јубилеј -50 години постоење, ќе понуди исклучително богата уметничка програма со настани кои се очекува да предизвикаат огромен интерес во јавноста и посебно кај љубителите на музичката, театарската и друг вид уметности.
Големиот, односно, Златниот јубилеј секако дека ке претставува посебен предизвик за Фестивалот и луѓето што го организираат заедно со финансиерите, пред се Министерството за култура на Република Македонија и сите други помагатели и пријатели, за да се реализира досега најквалитетното издание што ќе соодветствува на рангот и реномето на овој фестивал, а со тоа и достоинствено да ги презентира и уште еднаш ги потврди високите културни вредности на нашата држава, Европа и светот. Со особено задоволство Ве покануваме и ова лето да дојдете во Охрид и од 12 јули до 20 август заеднички да уживаме во прекрасната и чудесна магија наречена Фестивал „Охридско Лето“. www.ohridsummer.com.mk
|
|
|